GENERALKA WEEKEND

ИЗВАЛКАЈ СЕ И ИСЧИСТИ

GENERALKA WEEKEND

ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА

Секоја година во секое добро домаќинство доаѓа денот во текот на пролетта кога започнуваме да ги чистиме своите домови и градини од сите остатоци од долгата и студена зима.

Бидејќи „СОНЧЕВА – Земјата на Сонцето“ е куќа во која живееме сите, сосема е природно да го направиме тоа и за нашата родна земја и да направиме пролетен ден за чистење од сите отпадоци.

Заедно со ПАКОМАК, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделиe и шумарство, Поддржан е и од Делегацијата на Европската Унија, Скопје чија акција „Чисто како дома исто“ ќе оди раме до раме со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, осумте општини, училиштата и локалните поддржувачи, професионални и аматерски спортски клубови, Мен енд Маунтен организира акција за пролетно чистење за време на еден викенд во април / мај 2021 година. Секое семејство или личност излегува и собира што повеќе отпад во нивно директно опкружување, што го фрлаат во пставените станици за отпад на ПАКОМАК.

За секои 10 кг отпад ќе засадиме дрво на локација што ја нарековме совршено место за создавање на СОНЧЕВА ГОРА. Оваа шума е многу повеќе од само шума: Тоа е зелен жив споменик – симбол на волјата на луѓето во Северна Македонија да ја исчистат својата околина од отпадот што е фрлан во природата низ годините наназад и можноста да ја обноват својата земја во еколошка, кон иднина ориентирана и оптимистичка земја која е водена од силно и свесно општество. Таа шума ќе расте со секое пролетно чистење, ова место постојано се менува и станува секогаш нова и пристапна атракција за сите домашни и странски туристи.

Ова е прв проект во кој ќе бидат вклучени сите граѓани со надминување на бариерите во однос на припадност на партија, се со цел за постигнување повисока цел, а таа цел е ре-обнова на земјата со отстранување на отпадот од минатото и создавање еколошки одржлива иднина.

Успеавме да воспоставиме основа на која се надминуваат сите партиски бариери, етнички, религиски и каде сите луѓе ќе учествуваат подеднакво бидејќи тие сфаќаат дека сме само луѓе и дека на сите ни треба чист воздух, чиста и пивка вода, безбедна средина.

Започнавме со грст мотивирани луѓе во сите делови на земјата: Велес, Штип, Охрид, Крушево, Демир Капија, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија… кои се обединија во волјата да се постигне ново сфаќање и разбирање дека местото во кое живеат е нивната животна средина: Улицата пред нивната куќа, паркот низ кој поминуваат секој ден, полињата покрај кои возат секој ден и на кои расте жито од кое подоцна тие јадат леб, реките над кои поминуваат и од кои пијат вода… и дека треба да ги чуваат чисти и да се грижат за нив. Секој од нас е одговорен за нив. Не само политичарите, партиите, религиите… туку секој човек кој живее во земјава има одговорност да ја одржува чиста, безбедна, да ја почитува, а со тоа да ги почитува илјадниците генерации кои живееле на ова тло во здрава средина, која ја загадуваме и уништивме во изминативе 50 години. Наша е одговорноста еколошки да ја обновиме земјава што ја загадуваме.

Сонцето е симболот на оваа земја, и тоа е нешто што им е неопходно на сите живи суштества на оваа планета и му дава можност да биде препородени.

Нашата земја Македонија го има сонцето како симбол. Сите луѓе во оваа земја, животните и билките се од истото сонце.

И сите го дишеме истиот воздух и истата вода и истата храна, кои се создаваат и растат под истото сонце.

Затоа, да ја донесеме оваа енергија во нашите срца која ќе ни даде можност и сила да ја засадиме СОНЧЕВАТА ГОРА и да го собереме отпадот од минатото.

НАШИ ПАРТНЕРИ ОВАА ГОДИНА:

Велес
Гевгелија
Демир Капија
Дебaр
Крива Паланка

Крушево
Куманово
Охрид
Струмица
Штип

Contact:
home@manandmountain.com
Drenak 4 – 1/15
1000 Skopje
RN Macedonia | Europe

Copyright 2021 Man And Mountain LLC